Јанева побарала засилено обезбедување

0
341

Специјалната обвинителка Катица Јанева побарала засилено физичко обезбедување за неа и за 12-темина обвинители од Специјалното обвинителство, објави Вест.

Во информацијата која ја испрати МВР, се вели: “Со оглед на високиот степен на опасност по животот и личниот интегритет при вршењето на работните задачи во Специјалното обвинителство, од МВР е побаран одреден број полициски службеници за специјалната обвинителка Јанева и за нејзините соработници обвинители. Министерството ќе го разгледа барањето и ќе го извести Обвинителството”.