Јапонија одбележува 71 години од бомбардирањето над Нагасаки

0
235

Јапонија одбележува денеска 71 години од разурнувачката американска атомска бомба над градот  Нагасаки на крајот на Втората светска војна. Илјадници лица, меѓу кои и преживеани при нападите и роднини на загинатите, се собраа да му оддадат почит со едноминутно молчење во право време на трагедијата , која се сучи во  11:02 наутро

. На 9 август 1945 година американскиот бомбардер  B-29 “Суперфортрес” пушта бомбата со прекар “Дебеланкото” над градот. При бомбардирањето која доаѓа три дена по првата американска нуклеарна напад во Хирошима, загинуваат 74 000 лица, а илјадници други умираат како последица на болести поврзани со радијација од експлозијата.

Градоначалникот на Нагасаки Томихиса Тауе повика во својот говор да се запамети историјата на двата  тешки напади од минатиот век.