Јапонците умираат од премногу работа

0
385

Во Јапонија се бележат рекорден број барања за отштета за смрт од премногу работа, феномен познат како „кароши“, кој сѐ повеќе ги зафаќа младите од двата пола.

Побарувачката за работна сила е најголема од 1991 година, што на премиерот Шинзо Абе би требало да му помогне да вклучи што е можно повеќе луѓе на пазарот на труд и со тоа да ги неутрализира последиците од стареењето на населението. Но, поради широкото толкување на законот за труд некои компании премногу ги искористуваат своите вработени, што некогаш завршува со трагични последици.

Во изминатата фискална година бил достигнат рекордот на барања за отштета поради феноменот „кароши“, дури 1.456, соопшти јапонското министерство за труд, најчесто во секторите во кои хронично недостигаат работници, како здравството, јавните служби, шпедициите и градежништвото.

Генералниот секретар на националниот совет за жртвите на „кароши“ Хироши Кавахито смета дека вистинската бројка е најверојатно десет пати поголема, но властите тешко ги признаваат тие инциденти.

www.mkd.mk