Јас и моето животно-сторителинг во Интимен театар

0
1661

Во соработка на Интимен театар и Здружението за заштита на животните и животната средина „Мали Херои“, Битола се одржа настанот ЈАС И МОЕТО ЖИВОТНО.
Здружението Мали Херои , чија непрестана борба за заштита на животните e усогласенa со стандардите на европската легислатива и во нивното изготвување се директно вклучени неговите бројни соработници за заштита на животните, заедно со членовите на Интимен театар и неговите пријатели, дојде до идеја да организира средба – театарски перформанс – сторителинг.

На настанот  учество зедоа познати личности од јавниот живот, истовремено активисти за заштита на животните, од нашиот град- Битола, кои заедно со своето милениче ја прераскажаа приказната за нивната дружба.  Покрај режисерката Софија Ристевска тука беа актерките Маја Андоновска Илијевски, Илина Чоревска, Неда Маретиќ – тв. водителка и активист за правата на животните,
Стефанија Милевска – поп пеачка, актерка и танчерка и
Билјана Крајчевска – драматург.

Целта на оваа средба која беше отворена и за прашања од присутните, е да се подигне етичкиот однос човек – животно, да се подигне свеста за грижата кон животните, не само на сопствениците, туку и на сите нас, како и заштитата на нашата животна околина. Исто така, голем акцент се става и на укинувањето на сите облици на злоставување, мачење и експолатација на животните од страна на луѓето.