Јас се подготвувам да победам на избори, а не да бегам

0
629

Поранешниот премиер Никола Груевски, на седницата во Апелациониот суд, рече дека не сторил кривично дело и дека против него се води политичка хајка. Тој рече дека се подготвува за победа на избори, а не да бега.

„Не сум сторил кривично дело за да имам причина да се плашам. Против мене се водат политички прогон и хајка. СЈО нема докази против мене. Единствениот сведок против мене е Заев. Едвај чекам да почне судењето за јавноста да се увери дека сум невин“, рече Груевски.

Тој рече дека ако сакал да бега, за тоа имал две години, односно откако СЈО најави дека ќе бидат поднесени обвиненија против него.

„Сум имал можности да избегам две години откако СЈО најави дека ќе ми бидат поднесени обвиненија. Сум патувал и сум се враќал во земјата. Сум можел да избегам ама не сум го сторил тоа“, рече Груевски.

Тој рече дека не одбил ниту една покана на на СЈО.

Без коментари