Јасмина Јошевска со два нови книжевни наслови

0
1072

Од чешмата на времето и Клавирот на животот, се насловите на двете нови книги на авторката Јасмина Јошевска. На промоцијата поезијата на Јасмина ја читаа актерот Петар Горко и новинарката Емилија Сарафска, а покрај поетесата Јошевска, која пред публиката го образложи моментот на создавање на двете нејзини нови книжевни дела, говореа и Гордана Такец и рецензентката на двете книги Светлана Папачек.

За првата книга Долина на солзите, Јошевска е добитник на Гран при награда.
Од неодамна се појавува во македонско-бугарската антологија Книжевни одблесоци, а можеби наскоро дел од нејзините песни ќе се најдат во превод и на други јазици.
– Љубовта е сила што не крева високо и болка што не удира на дно- е лајт мотив по кој Јасмина ги пишува двете книги.
За секоја купена книга на промоцијата, средствата ги вложи во хуманата мисија. Собраните средства ќе бидат наменети за лицата со посебни потреби.