Јавна презентација на два Нацрт ДУП

0
221

На денешната јавна презентација беа презентирани два детални урбанистички планови, од кои првиот беше повторна Јавна презентација на Нацрт Деталниот урбанистички план за Станбена заедница бр. 1 Блок 2 Општина Битола.

-Локацијата е од левата страна кај Довлеџик, Министерството го врати на повторна презентација затоа што имаше забелешки, коловозот треба да се прошири, вели Златко Милошевски, претседател на Комисијата за урбанизам.
Оваа презентација предизвика и подолга дискусија кај присутните. Дел од сопствениците на парцелите имаа забелешки на планот.
Денес се разгледуваше и Нацрт Деталниот урбанистички план за Блок „Стар Прогрес”.
Во тек е јавната анкета, каде заинтересираните правни и физички лица од конкретното подрачје опфатено со планот, анкетните листови ги предаваат во архивата на Општина Битола каде добиваат деловоден број.