Јавна седница на Антикорупциската комисија

0
282

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) денеска постапувајќи согласно член 74 од Изборниот законик ќе одржи јавна седница.

На седницата, како што соопшти ДКСК, ќе се разгледаат поднесени приговори во врска со член 8-а од Изборниот законик од Коалицијата предводена од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија против Министерството за правда, Државната комисија за спречување на корупцијата, АД Македонска пошта, подружница ГЦПС Скопје 2, ООУ „Страшо Пинџур“– Карбинци, НУ Театар за деца и малдинци.