Јавните претпријатија пред советниците

0
497

Советниците во битолскит совет денеска расправаа за завршните финансиски сметки на јавните претпријатија од градот за ланската година. Како прва точка од дневниот ред беше работењето на ЈП Комуналец . Советниците од власта го фалеа ова јавно претпријатие за сработеното, а опозицијата го критикуваше

– Приходите последните години паѓаат консантно. Во 2014 178 милиони денари, во 2015, 173 милиони денари во 2014, 171 милион денари, во таа насока вкупните планирани приходи за 2016 год изнесувале 183 милиони, вие како што веќе реков остваривте 171.000.180 илјади денари што е страшно затоа што се работи за разлика од 12 милиони или 16,5 %, изјави Златко Ќурчиевски СДСМ

– ЈП Комуналец се намалени за два милиони во 2015 година но во табелата на завршната сметка може да се види дека исклучиво тие два милиони денари се должат на уредување и одржување на гробиштата, изјави Соња Карпашовска ВМРО-ДПМНЕ

Советниците од опозицијата рекоа дека приходите на ЈП Комуналец во изминатите години константно паѓале,а пак советниците од власта рекоа дека јавните претпријатија од градот не се профитни организации и не се профитни претпријатија за на крајот да го мерат индексот за профит и показателите за профит кои што ги остваруваат

-Има една недоумица во програмата зошто пред две седници, во крајот на 2016 стои дека ЈП немало 267 невработени туку 263, изјави Златко Ќурчиевски СДСМ

– Во однос на ова прашање се 267, не е 4 разлика туку 14. Ние имавме ангажирано повеќе работници пред две три години преку Агенцијата за вработување согласно јавен огласкон крајот на претходната година во септември, се враборија дел од нив дел други. Но се вади годишен просек а иначе вистинска бројка е 267, изјави, Зоран Соклевски, Директор на ЈП Комуналец

Благојче Котевски го праша директорот Соклевски Дали ЈП Комуналец има одговорност за пропаѓањето на Офицерскиот дом во Битола. Директорот рече дека одржувањето на Офицерскиот дом во Битола не е во нивна надлежност

– Во официјални документи кои што се доставени до нас од барање на член на совет на Општина Битола нигде не пиши дека Општината ги превзела случаевите од Офицерски дом од ваша страна. Доколку тоа не го направила вие сте сеуште одговорни за чистење на одржување на објектот,изјави Благојче Котевски СДСМ

-Се што е објект за одржување по било кој основ дали е јавно зеленило или јавна чистота влегува во програма и вие го гласате и не задолжувате. Офицерски во тој документ го нема во програма, значи не сте ме задолжиле, немаме обврска ни да го одржуваме ни да го обезбедуваме. Согласно статутот на претпријатието ние немаме обезбедување на објект, ако тој објект е историски споменик завод за заштита, имаме институција или доколку е на Општината. Комуналец е долу каде што треба да се има обврска за да се грижи за тој објект, изјави Зоран Соклевски Директор на ЈП Комуналец

На 64 седница на совет за расправа беа 70 точки на дневен ред .