Јавноста во кривичната постапка низ судовите

0
814

Актуелните настани во земјава со судството, судските предмети, работењето на судиите, на основните, апелационите, Судскиот совет, уставните судии, отвара дебати за јавноста и нивната работа.

tribina

Дали и кога може јавноста да биде исклучена од седниците, зошто судиите се почесто не сакаат да бидат снимани при судските процеси?  Ова се прашањата за кои денеска на работилница во Битола дискурираа новинарите.

novinari

Саше Димовски од веб порталот „Сведок“ вели дека и тој се чуди зошто се чудеше американската амбасада кога Уставниот суд донесе забрана за присуство на јавноста на седницата кога одлучуваше за правото претседателот на држвата да може да помилува и за изборни нерегуларности, кога како што вели Димовски американците вложиле пари во обуката на судиите во Македонија и требало да побара амбасадата објаснување од судот за таквата одлука.

dimovski

Едно од поприсутните објаснувања зошто судиите не сакаат да бидат снимани, е дека на тој начин може да биде загрозена нивната безбедност за предметите што ги работат. Димовски вели дека досега не сме виделе судија во Хашкиот трибунал да се крие од камерите.

Судиите се повикуваат на законите и деловникот за работа. На денешната трибина учествуваше Милка Бизевска-судија и портпарол на Основнито суд во Битола.

bizevska

Работилницата ја организираа порталот Сведок и Здружението на Новинари на Македонија.