Јавното обвинителство оформи неколку предмети за аферата фалсификувани лични карти

0
452

Обрасци за лични карти, возачки дозволи и пасоши , машини, преси, секачи и компјутерска опрема за изработка на лажни документи биле пронајдени во станови на осомничените лица за фалсификување лични документи. Единствените детали од истаргата, кои Основното јавно обвинителство ги соопшти денеска е дека при претресот на објектите, кај лице со иницијали З.Б. биле пронајдени и фајлови со илјадници телефонски разговори.

Од СДСМ реагираа дека Основното обвинителство реагира само кога се во прашање интересите на премиерот Никола Груевски и бараат одговори како протекуваат детали од истрагат во дел од меиумите , со што според нив се создава забуна во јавноста. Од ВМРО-ДПМНЕ, пак вчера го обвинија опозицискиот лидер Зоран Заев дека тој на осомничениот Захир Бекири му ги дал прислушуваните телефонски разговори, бидејќи како што тврдеа му бил пријател. Заев од друга страна ги повика истражните органи да откријат како тие материјали се нашле кај осомничениот. За овие и други прашања јавноста денеска не успеа да добие одговор од обвинителот Цветановски.

Првиот човек на МВР изрази сомнеж дека е можна институционална злоупотреба, бидејќи се утврдило дека матичните броеви и имињата на документите се точни, а тие информации како што рече министерот Спасовски ги поседуваат државните институции. Од Обвинителството додадоа дека интензивно се работи на повеќе оформени предмети за овој случај и дека постапката се води против повеќе лица.