Јавното обвинителство поднесе обвинение против Захир Беќири – Чауш

0
323

Основното јавно обвинителство – Скопје поднесе обвинение против Захир Беќири – Чауш и неговиот брат за  „Фабрика за афери“, односно аферата со печатење лажни лични карти и патни исправи.

„Во постапувањето беше прибавена обемна материјална документација, спроведени беа претреси, направени беа вештачења, споредбени анализи“, соопштија од обвинителството. Од таму појаснуваат дека во текот на истрагата биле испитани и голем број сведоци.

Беќир во моментов издржува казна затвор во „Идризово“ за друго кривично дело.