Јемен: Во бомбашки напад на Хутите убиени се најмалку 28 лица

0
166

Во напад со автомобил-бомба, чија мета биле двајца лидери на побунетите Хути, ноќеска во Сана загинаа најмалку 28 лица кои биле собрани за да оддадат почит на жртви од сличен напад кој се случил пред неколку дена.

На мета на бомбашите биле лидерите на бунтовниците, браќата Фајсал и Хамид Џајачи кои биле на помен поради смртта на чле на нивното семејство, рече извор од силите за бесбедност, пенесе агенцијата АФП.

Исламската држава ја презеде одговорноста за нападот и наведе дека нападот бил врз „шиитско гнездо од освета за муслиманите кои се борат против одметнатите Хути“.