Јоханес Хајндл денеска ја почнува мисијата во Скопје

0
397

Специјалниот пратеник на Германија за разрешување на политичката криза во Македонија, кој е и амбасадор во Австрија, Јоханес Хајндл, денеска и утре ќе биде во Скопје, каде ќе разговара со претставници на партиите потписнички на Договорот од Пржино.

Според соопштението од германската амбасада во Македонија, тој ќе се сретне и со амбасадорот на САД, Џес Бејли, како и со амбасадори од земјите членки на Европската унија.

Хајндл е именуван од страна на германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер за нов пратеник којшто ќе работи заедно со Европската Унија и САД и ќе помага при решавање на кризата во Македонија.