Јолевски го посети транзитниот центар за мигранти во Гевгелија

0
310

Министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски, денес ќе го посети транзитниот центар за мигранти на пограничниот премин.

Претходно министерот Јолевски во Спортски центар „Борис Трајковски“, заедно со началникот на Генералштабот на Армијата на Република Македонија, Генерал потполковник Методија Величковски присуствуваа на отворањето на меморијалниот турнир во мал фудбал кој се организира во чест на загинатите бранители од 2001 година.

Организациониот одбор составен од Министерството за одбрана, Министерството за внатрешни работи и Здружението Херои на Македонија го организира меморијалниот турнир на кој ќе учествуваат екипи од министерствата за одбрана и внатрешни работи како и од генералштабот на АРМ, полицискиот синдикат, армискиот синдикат и агенцијата за млади и спорт.