Јоноски две години во бундеслигашот Бергишер

0
242

Ракометниот репрезентативец на Македонија, Ацо Јоноски, од наредната сезона ќе игра во германската Бундеслига. Јоноски во четвртокот потпишал двегодишен договор со Бергишер.

Ракометарот кој е познат по своите дефанзивни карактеристики и кој долги години, заедно со Велко Маркоски, беше столб на одбраната на Металург во Бергишер пристигнува од шпанска Ла Риоха каде надтапуваше во пролетниот дел од сезоната.

„Јоноски е голем професионалец, препознатлив е по својата игра и поседува огромно искуство. Среќни сме што еден таков играч дојде во Бергишер“, изјавил тренерот на тимот Себастијан Хинце.

Инаку Бергишер обезбеди опстанок во Бундеслигата и во моментов се наоѓа на 13-та позиција на табелата.