Јован Илиевски е избран за судија во Европскиот суд за човекови права

0
490

Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) го избра Јован Илиевски за судија од Македонија во Европскиот суд за човекови права.

Илиевски е избран со 106 гласа „За“ а противкандидатот, Наташа Габер Дамјановска, добила 86 гласа.

Во гласањето учествуваат парламентарци од 47 земји-членки на Советот на Европа. На гласачкото ливче, освен Илиевски, беа и судиите Наташа Габер-Дамјановска и Звонимир Јанкуловски.