Јован Ристовски еден од најактивните македонски млади режисери

0
385

Еден од најактивните млади македонски режисери Јован Ристовски, кој од пред неколку месеци официјално е вработен во битолскиот народен театар , позади себе има над стотина проекти а перидов е активен по повеќе серии, филмови и за прв пат една тв реклама.Тој ентузијастички со помош на добронамерни пријатели и граѓаните од Крушево и Битола,го формираше заедно со актерите Михајло и Захарија, крушевскиот театар кој сеуште нема официјална установа, но мисијата им е некој ден тоа да се претвори во професионален Театар.

Работеше на филмуваната тв. серија Кафказ снимана во Турција во која беше главен кастинг директор ,соработува со филмски екипи и надвор од Македонија и тоа од Турција, Русија и други земји.
Јован е и режисер на претставите Обзрни се во гневот, Лилика, видео записот Нашиот ден,претставата Мелодија и многу други.
Неда Маретиќ