Јована Арсоска добитник на прва награда на меѓународен натпревар

0
1470

Уште еден успех како доказ за квалитетот на државното музичко училиште од Битола, е првата награда на меѓународен натпревар во Белград.
Овојпат, овој успех е на Јована Арсоска, која со своите 11 години го освои највисокото место во конкуренција со ученици од повеќе држави, а е во класата на професорката Јана Четелева Белевска.
Соната од Моцарт, Валцер од Шопен, три пиеси на Благој Цанев, беа дел од програмата за натпреварот.
Со магијата на класичната музика, Јована се дружи од 6 години, а ова е прв нејзин меѓународен натпревар.
Оваа награда е уште во низата, кои учениците од музичкото училиште од Битола ги освоиле, училиште кое оваа година прославува 69 години постоење.