Јованка Радичевиќ во идеалниот тим на ЛШ

0
483

Ракометарката на Вардар, Јованка Радичевиќ, е избрана во идеалниот тим на сезоната во Лигата на шампионите. ЕХФ, ткн. „Ол Стар тим“ го објави пред почетокот на завршниот турнир, кој во сабота и недела ќе се одржи во Будимпешта.

Јованка Радичевиќ, според гласовите на фановите, сезонава е најдоброто десно крило во Лигата на шампионките. Радичевиќ во тековната сезона е трет стрелец на ЖРК Вардар со 41 гол, зад Андреа Пенезиќ (71) и Андреа Лекиќ (64).

Радичевиќ е една од трите ракометарки кои се избрани во „Ол Стар тимот“, а не се ракометарки на унгарски Ѓер.

Идеалниот тим на сезоната:

Голман: Кари Алвик Гримсбо (Ѓер)

Лево крило: Анико Ковачич (Ѓер)

Лев бек: Кристина Неагу (Будуќност)

Среден бек: Нике Грот (Ѓер)

Десен бек: Нора Мерк (Ларвик)

Десно крило: Јованка Радичевиќ (ЖРК Вардар)

Пикер: Хајди Локе (Ѓер)

Најдобар дефанзивец: Едуарда Аморим (Ѓер)

Најдобар млад играч: Лука Шекереш (ФТЦ)

Тренер: Мартин Амброс (Ѓер).