Јубилејна изложба Народното творештво како трајна инспирација

0
1224

Пред почетокот на 45-тото издание на републичкиот фестивал Илинденски денови, се одбележа уште еден јубилеј и тоа 40 години од првата изложба на детски ликовни творби -Народното творештво како трајна инспирација .

Покрај изложбата беа организирани и работилници за најмладите.

Јубилејното 45 -то издание на републичкиот фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови”, оваа година ќе се одржи од 28- ми јули до 1- ви август.

Илинденски денови, ја презентира желбата да се зачува, а истовремено да се популаризира изворниот фолклор.

Фестивалот “Илинденски денови” има и други значајни придружни манифестации покрај оваа изложба- изложба на народни носии, “Илинденски караван” од учесниците на фествалот кои даваат концерти и во други места во Македонија, научни собири за фолклорот и др.