Јубилејното издание на Широк Сокак во бело, со рекордна посетеност

0
374

Во Битола, традиционално по петти пат се одржа настанот „Широк сокак во бело“, а за добрата забава се погрижи познатиот италијански диџеј и продуцент Џуниор Џек.
Пред него атмосферата ја загреваа диџеите Боца и Ацика. Оваа година музичката сцена беше сместена во долниот дел од Широк Сокак.11933412_10206817409287830_4098309946679244506_n
Џуниор Џек е етаблиран диџеј и продуцент на светската музичка сцена.
За Тера телевизија истакна дека е воодушевен од атмосферата која се создаде во Битола.
Периодов работи на новата трака која ќе ја промовира наскоро а потоа ќе го промовира и новиот албум.
Со оглед на тоа што неговата жена е од Србија, истакна дека доаѓајки во државите на Балканот се чувствува како дома.
На прашањето каде се најдобрите сцени на светот каде што настапувал, ни одговори дека на прво место е Англија а потоа Шпанија, Ибица и други.11959966_10206817797337531_5710652575240459220_n
Овој настан како и секоја година се одржува во рамките на „Бит Фест“.
Оваа година 11 кафе барови беа вклучени во организацијата, во соработка со Горила продукција со чија помош беше договорен настапот на Џуниор Џек.

Присутните на настанот имаа само една обврска а тоа беше белиот дрес код и секако енергија за целовечерна забава која траеше до раните утрински часови.
Меѓу досегашните учесници на овој настан се и Кирил Џајковски, диџеј ѕвездите Дејвид Моралес, Хернан Катанео и Том Нови, како и голем дел македонски диџеи и продуценти.