Јулие Цезар пред битолската публика

0
382

Во рамките на 4 -тото издание на Битола Шекспир фестивалот, после отварањето со музичко сценскиот перформанс Шекспир 4 ever, на сцената на Народниот театар во Битола беа изведени претставите на Турскиот театар од Скопје, „Комедија на грешки“, Перикле – претстава гостување од Србија и израелската претстава Кориолан.

Комедија на грешки е забавна и позитивна комедија, претставата од Израел е во режија на Итаи Дорон, а на интернационалниот театарски фестивал Акко/Акре во Израел беше наградена со три високи признанија, и тоа за најдобра претстава, најдобар актер и најдобра актерка.

Вечер фестивалот продолжува со премиерата на Јулие Цезар во режија на долгогодишниот соработник на битолскиот театар Џон Блондејл.

За соработката со битолскиот театар , Блондејл истакна дека ја нарекуваат Санта Битола театарска компанија.

Во рамките на фестивалот уметничкиот директор Благој Мицевски ја претстави пред новинарите книгата на театарски плакати од светот, во која се застапени и дел од плакатите на Битолскиот театар.

Битола Шекспир фестивалот кој се одржува со поддршка на Министерството за култура, од годинава е полноправна членка на Европската асоцијација на Шекспир фестивали.

Премиерата на Јулие Цезар е со почеток од 20 часот.