Јункер: Да говореа Меркел или Макрон салата ќе беше полна

0
396

За време на расправата околу малтешкото претседателство со Унијата, претседателот на Европската комисија, Јункер, го нарече Европскиот парламент “смешен”, откако во салата не се појавија ни 5% од парламентарците.

Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, го нарече претседателот на Европскиот парламент Антонио Тајани “смешен” за време на расправа во Брисел.

Откако се заблагодари на публиката, која ја сочинуваа неколку десетици од повеќе од 700 актуелни парламентарци, Јункер оцени дека Парламентот “не е сериозен”, бидејќи има мало присуство на пратениците.На ваквата забелешка Тајани побара од Јункер да зборува со повеќе почит, додавајќи дека Комисијата не го контролира ЕП, туку обратно.

– Постојат само неколку членови на Парламентот кои ја контролираат Европската комисија. Смешни сте“, возврати Јункер, алудирајќи на малиот број присутни на расправата.

-Да беа денесдка тука Меркел или Макрон салата ќе беше полна, рече тој.

Според АП, расправијата е повеќе од неверојатна поради фактот дека Јункер и Тајани припаѓаат на иста група во ЕП, Европската народна партија.