Јункер: Европа нема да ги остави луѓето без заштита

0
580

Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер вели дека Европа има највисоки стандарди за азил во светот, и никогаш нема да ги остави луѓето на кои им потребна заштита.

“Европа отсекогаш за мене била заедница на вредности. Ние никогаш нема да ги оставиме луѓето кога им е потребна нашата заштита. Ова е осигурано со нашите закони и договори. Сепак, јас сум загрижен дека ова е сe помалку и помалку фиксирано во нашите срца”, рече Јункер.

Тој нагласува дека е загрижен поради отфрлање на дел од населението и насилството кон азилантите.

“Тоа не е Европа”, вели Јункер