Јункер планира сите членки на ЕУ да го воведат еврото

0
265

По одлуката на мнозинството Британци за Брегзит, Европската комисија планира да ја лансира идејата сите земји членки на ЕУ да го воведат еврото како национална валута, објави лондонскиот весник „Дејли Експрес“.

Претседателот на Европската Комисија, Жан-Клод Јункер, како што се верува, сака секоја земја членка да го воведе еврото, откако на 23 јуни граѓаните на Британија гласаа за Брегзит, наведува „Дејли Експрес“.
Станува збор за Бугарија, Данска, Полска, Романија, Унгарија, Хрватска, Чешка и Шведска.
Во исто време и германскиот весник „Франкфуртер Алгемејне Цајтинг“, повикувајќи се на свои извори во седиштето на ЕУ во Брисел, наведува дека Европската комисија сака да ја „забрза доизградбата на монетарната унија“.