Јункер сака сили на ФРОНТЕКС на границата меѓу Македонија и Грција

0
358

Не сите шефови на држави и влади на земјите-членки на ЕУ плус Македонија и Србија се согласуваат со планот од 16 точки на претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, предвиден за усвојување на денешниот мини-Самит во Брисел.

Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, три параграфи од 13-тата точка на овој план на Јункер, а поврзани со менаџирање на границите, се директно поврзани со Македонија и предвидуваат: поддршка на посветеноста на УНХЦР да стави посебен акцент на границата меѓу Грција и Македонија, очекување од итна имплементација на билатералните мерки за градење доверба поврзани со границата меѓу Грција и Македонија и поставување на нова операција на Фронтекс на надворешната земјена граница на Грција со Македонија и со Албанија, со фокус на проверките за излез, но исти така и на регистрацијата на бегалците и мигрантите што не биле регистрирани во Грција.