Јункер: За Унгарија нема место во ЕУ доколку ја воведе смртната казна

0
303

Претседателот на Европската комисија (ЕК), Жан-Клод Јункер изјавил дека Унгарија би можела да биде исфрлена од Европската унија (ЕУ) доколку продолжи со своите заложби за враќање на смртната казна.

„Доколку Унгарија сака да ја воведе смртната казна, тоа ќе биде доволна причина да се разделиме. Тоа ќе биде причина за развод! Едно од моите политички убедувања е дека смртната казна не треба да постои. Во Унијата нема место за било која земја која ќе ја воведе смртната казна“, истакнал Јункер.

Јункер неодамна ја изненади јавноста, кога на самиот на ЕУ во Рига, унгарскиот премиер Виктор Орбан го поздравил со зборовите: „Здраво диктаторе“.

Британските медиуми пренесуваат дека односите на Орбан со останатите лидери на земјите членки на ЕУ се затегнати поради неговите блиски врски со Русија.

Инаку од кабинетот на Орбан соопштиле дека владата нема намера да ја воведува смртната казна, додавајќи дека прашањето било покренато поради јавна дебата на таа тема.

Унгарија ја укина смртната казна во 2004 година како еден од условите за влез во ЕУ.