Јувентус има свои фанови во Битола

0
346

Битолчани се докажани љубители на фудбалот.

Едни навиваат за еден клуб, други за друг, но оваа група на млади луѓе се заколнати навивачи на Јувентус. Тие не пропуштаат натпревар во кој игра нивниот омилен тим да не се соберат на одредено место и да навиваат заедно. така беше и синоќа кога се играше натпреварот помеѓу Јувентус и Реал Мадрид.

Navivanje_-_2.jpg

Над стотина навивачи на Јувентус облечени во дресови на својот омилен клуб, навивачки реквизити, навиваа .

Како што ни истакнаа во разговот со нив ова им е традиција и редовно се собираат за заеднички да го бодрат својот клуб.

Navivanje_-_3.jpg

Се беше одлично, само една мала забелешка, никој немаше храброст да зборува пред нашата камера. Честитки на победата на Јувентус, а ние ќе се надеваме на едно интересно интервју со некој од овие заколнати навивачи за Јуве во некоја следна прилика.