Јужна Кореја истрела предупредувачки проектили кон севернокорејски пловила

0
408

Јужнокорејската морнарица истрела во петок предупредувачки проектили откако севернокорејски патролен брод и рибарско бротче ја минаа спорната граница во Жолтото море кај западниот брег на Корејскиот полуостров, соопштија властите во Сеул.
Двете пловила на Северна Кореја ја промениле насоката на движење околу осум минути по предупредувачките истрели и се вратиле во севернокорејски води.

Севернокорејските рибарски бродови често заталкуваат во јужнокорејски води. /крај/хн/ст