Јужна Кореја предлага разговори со Северна Кореја

0
440

Јужна Кореја предложи одржување воени разговори со Северна Кореја за запирање на непријателските активности во близина на нивната заедничка граница. До ова доаѓа по серијата ракетни тестови од страна на Северна Кореја во изминативе неколку недели што ги зголеми тензиите меѓу двете земји, како и САД и Јапонија. „Предлагаме воени разговори со Северна Кореја на 21 јуни во Тонгилгак за да се намали тензијата на демаркационата линија“, изјави заменик министерот за одбрана на Јужна Кореја Су Чу Сук. Ако е одржат тоа ќе биде прв кондакт меѓу владите на двете земји од 2015 година.

www.slobodnaevropa.mk