Кабинетот ги примил првите барања за повлекување на одлуките за помилување

0
463

Претседателот Иванов во своето последно обраќање истакна дека останува на одлуката за помилување и повика секој оној што смета дека со помилувањето му е одземено право, му е сторена лоша услуга и својата невиност сака да ја докаже на суд, во писмена форма да поднесе барање за поништување на одлуката која се однесува на него.

Тим од правни експерти ќе треба да ги разгледуваат барањата на Никола Груевски, Трајко Вељаноски, Зоран Заев и Бранко Црвенковски кои се обратиле до Кабинетот на Претседателот на Република Македонија, со барање да биде повлечена одлуката за нивна аболиција.

Претседателот Иванов во своето последно обраќање истакна дека останува на одлуката за помилување и повика секој оној што смета дека со помилувањето му е одземено право, му е  сторена лоша услуга и својата невиност сака да ја докаже на суд, во писмена форма да поднесе барање за поништување на одлуката која се однесува на него.

„Кога ќе ги добијам таквите барања, ќе повикам правни експерти да понудат можно правно решение. И политичките партии можат со свои правни експерти да се вклучат во овој процес“, истакна Иванов во своето обраќање.

Несогласување со одлуката за аболиција изразија повеќе политичари кои се најдоа на листата на 54 лица за кои со 41 одлука претседателот прогласи помилување – ослободување од гонење без спроведување на постапка.

И градоначалникот на Општина Битола Владимир Талески  поднесе барање за повлекување на одлуката на Претседателот.