Kабинетот на Иванов тврди дека не се помилувани педофили

0
535

Од Кабинетот на Претседателот Ѓорге Иванов, остро реагираа на објавeните информации дека на листата на помилувани затвореници годинава се нашле и убијци, силувачи и педофили

„Кабинетот на Претседателот на Република Македонија најодговорно тврди дека во листата на помилувани нема помилувани за дела за педофилија. Впрочем, за тоа не постои законска можност. Таквите тврдења единствено се граничат со разумното.” – стои во реакцијата од Кабинетот.

Од Кабинетот велат дека прилогот бил тенденциозен, бидејќи информациите се темелеле на комуникација преку Фејсбук, а не од релевантна институција.