Кабинетот на турскиот претседател негира дека Ердоган го фалел стилот на владеење на Хитлер

0
297

Кабинетот на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган објави во петокот дека медиумите погрешно ја интерпретирале неговата изјава за хитлеровска Германија како ефикасен претседателски систем во унитарна држава.

Кабинетот на турскиот претседател реагираше на лавината критики во Турција и во странство кој ја предизвика Реџеп Тајип Ердоган ја предизвика кога на враќањето од Саудиска Арабија на новинарско прашање дали во Турција е можен извршен претседателски систем, а истовремено да се задржи унитарната структура на државата тој одговори „Веќе постојат примери во светот. Можете да го видите тоа во такви земји, на пример, како во хитлеровска Германија“.

Ердоган, кој речиси деценија и половина ја креира турската политика, сака претседателот да добие извршни овластувања за да воспостави претседателски систем и во поранешните споредби ги споменуваше претседателските системи во САД, Русија или Франција.

„Неприфатливо“ зборовите на претседателот да се земаат како „позитивно реферирање на хитлеровска Германија“, објави кабинетот на Ердоган потсетувајќи го претходните негови осуди на холокаустот и антисемитизмот

Ердоган само сакал да каже де претседателскиот систем може да пости и во унитарна држава со силно централизирана влада и во држава со федерално уредување, наведува натаму неговиот кабинет.

„Доколку системот се злоупотреби, може да води кон лошо управување и последицата е катастрофата каква што беше хитлеровска Германија… Важно е да се продолжи чесно чесното управување коешто ѝ служи на нацијата“, се наведува во изјавата на кабинетот на турскиот претседател./крај/мф/сн