Каде е нашата модерна канцеларија?

0
423

Последните научни истражувања кои беа спроведени на Кембриџ Универзитетот покажуваат дека луѓето, за разлика од пред 10-на години, сè помалку работат во канцеларија, а многу почесто од дома, во движење, во својот автомобил, во т.н. јавни канцеларии или соби (public rooms) или пак од места за кои досега беше неверојатно да се извршуваат работните обврски.

Брзото секојдневие едноставно направи модерниот човек во исто време да работи на својот лаптоп, таблет компјутер и на паметниот телефон. Можноста да се носи со себе работата, документите и целата канцеларија е неверојатен новитет кој до пред само неколку години можевме да го гледаме само во научно-фантастичните филмови.
Сега, благодарение на напредокот на технологијата, луѓето работат од било каде и било кога.

Најновиот Office 365 прави сите да бидат побрзи, пофлексибилни, попродуктивни и посигурни во безбедноста на сопствените документи кои најчесто се строго доверливи.

 

Без коментари

LEAVE A REPLY