Каде е пешачкиот премин на Прилепска?

0
743

На улица Прилепска во Битола на една од најфрекфрентните улици во градот пешачки има ама како да го нема. Белата боја е излижана скоро целосно, се познава само една линија. Граѓаните што живеет во близина на оваа улица сметаат дека локалните власти треба да преземт нешто, бидејќи е воведена во прашање нивната безбедност и безбедноста на нивните деца, кои секојдневно го поминуваат овај пат накај училиште.

– Надлежните да дојдат да ги обележат пешачките премини како треба, за да не се случи некоја сообраќајна несреќа. Децата одат на училиште, нема кај да поминат. Мора родителите да ги однесат до училиште и да ги земат по завршувањето на наставата, вели жител од улица Прилепска

– Возат со поголема брзина , ама и шоферите не се криви, пример не знаат дека тука има пешачки премин. Недај боже да се случи некоја катастрофа. Ова е страшно, сме многу загрижени како за нашата безбедност а уште повеќе за безбедноста на нашите деца

Кога тргнувате од Атпазар кон Пелагонка 1 освен тоа што возачите возат со поголема брзина, кон уличката за училиштето Даме Груев нема пешачки. Пешачкиот се наоѓа на околу 50 тина метри од малата раскрсница, кој е скоро невидлив како за пешаците така и за возачите . Друг пешашки премин има подолу на околу 20 метри но и тој одвај се гледа, може да се заклучи дека тука на тоа место се наоѓа пешачки премин само од сообраќајниот знак.

Често пати на оваа улица се случуваат сообраќајни незгоди. Последната се случи на 27 јануари, каде што за среќа лицата во незгодата се здобија само со тешки телесни повреди.