Каде и за што општината ги потроши 255 илјади евра од ЕЛЕМ?

0
999

-Поводот за овој прес е ДОБИЕН одговор од страна на ОДДЕЛЕНИЕТО ЗА КОМУНАЛНИ ДЕЈНОСТИ И УРЕДУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ, по претходно доставено барање за пристап до информации од јавен карактер. Информацијата која ја баравме беше одговор на прашањето: На што се трошат средствата остварени како приход од надоместокот за производство на енергија од фосилни горива, кои согласно новата одлука на влада на Р.М објавена во сл. вес. бр. 153/2015 за општина Битола изнесуваат 15.737.345.оо ден. (255.892 евра) Овие добиени средства општината решила да ги намени за изградба на ФЕКАЛНА КАНАЛИЗАЦИОНА МРЕЖА во АРМ.

Зачудува фактот што за вакви и други инфраструктурни потреби, општината предлагаше подигање на кредит во висина од 2,5 милиони евра со ПОВЛАСТЕНА каматна стапка, и секако за оваа иста намена, сопствениците на градежните парцели во оваа зона, платиле комунални такси,со што преку оваа ставка и од продажба на земјиште се собрани нешто повеќе од 5 милиони евра.

Општина Битола овој вид на средства ги добива повеќе од 9 години, па во таа насока, утрово поднесовме дополнително барање за добивање на информација за тоа – каде се потрошиле овие средства добиени во претходните години?

Не сакаме да полемизираме окулу тоа дали општината СМЕЕЛА ДА ГИ ПРЕНАМЕНУВА ОВИЕ СРЕДСТВА, сакаме само да потсетиме дека ПРОГРАМАТА ЗА КВАЛИТЕТ НА АМБИЕНТАЛЕН ВОЗДУХ, донесена од советот на општина Битола во 2013 год. предвидуваше краткорочни, среднорочни и долгорочни мерки за борба против загадениот воздух, а истата ИАКО ЕДНОГЛАСНО ИЗГЛАСАНА И ДАДЕНА НА СПРОВЕДУВАЊЕ И РЕАЛИЗАЦИЈА, не ја виде светлината на денот, НАВОДНО заради немање доволно средства за такви активности. Па само за споредба ќе потсетиме дека со ДЕЛ ОД ОВИЕ СРЕДСТВА, кои општината ги добива за заштита на животната средина, можела да реализира одреден дел од мерките и со тоа да ја намали бројката на смртни случаи, како и бројката на новозаболени од болести на распираторните органи и разни алергии, добиени заради загадувањето на воздухот.

Заради сето ова ОЧЕКУВАМЕ од страна на советниците во советот на општината, без разлика на нивната политичка определба, ДА ПОБАРААТ ОТЧЕТ од градоначалникот на општината, за НЕРЕАЛИЗАЦИЈА НА МЕРКИТЕ ОД НАВЕДЕНАТА ПРОГРАМА ЗА КВАЛИТЕТ НА АМБИЕНТАЛЕН ВОЗДУХ, како и ОДГОВОРНОСТ за непостапување по истата. Секако очекуваме и ревизија на потрошените средства кои се предмет на барањето кое го посочивме. Во предстојниот период, ќе поднесеме граѓанска иницијатива со која ќе побараме ЦЕЛОСНА РЕВИЗИЈА на наведените средства и оправданост за нивно трошење, без разлика каде и за што биле истите потрошени, зашто несмееме да заборавиме дека ЗА НАС СЕ РАБОТИ, изјави Илија Балтовски Здружение За нас се работи