Каде има слободни места за упис?

0
1559

Во првото пријавување од првиот уписен рок најатрактивни годинава за полуматурантите како вообичаено гимазијата „Јосип Броз Тито“ и насоката медицинска сестра во средното медицинско училиште „Јован Калаузи“. Попопнети се местата и во економското „Јане Сандански“, за насоката со четири годишно образование, а има слободни места за три годишната струка деловен администратор, која беше воведена за прв пат годинава.

-Во првиот упис од јунскиот рок пополнет е бројот во гимназијата „Јосип Броз-Тито“, смерот за медицински сестри во медицинското училиште „Јован Калаузи“, и струката со четврт степен во економското училиште „Јане Сандански“. Во медицинско слободни места има за фармација, фармацевско-лабараториски техничар, физиотерапевт и на очна оптика. Во земјоделското училиште „Кузман Шапкарев“ има слободни места, во техничкото училиште „Ѓорѓи Наумов“,, во „Таки Даскало“ и во Музичко, изјави Снежана Петровска, советник за образование во општина Битола.

Според конкурсот на ниво на општина Битола треба да се запишат 1600 ученици. Во јавните средни училишта во Македонија утре ќе се спроведе второто пријавување во јунскиот рок за упис во прва година во учебната 2017/2018 година, а резултатите за запишани ученици ќе бидат објавени следниот ден, 6 јули. На првото пријавување во јуни, спроведено на 28-ми и 29-ти минатиот месец, од пријавените 17.179, примени беа 11.205 ученици.

Министерството за образование и наука информираше дека слободни места во второто пријавување во првиот рок има за вкупно 24.529 ученици во јавните средни училишта во сите општини во Република Македонија иако, како што претходно објави, уписот во некои училишта е завршен во првото јунско пријавување, претежно во гимназии и во медицинската струка.

За учениците кои и во второто пријавување во јуни нема да се запишат во средно училиште, има и втор рок за упис – на 24 август, а училиштата кои и во двата рока нема да ги пополнат местата ќе запишуваат ученици до 31 август.

Средното образование стана задолжително за сите ученици од учебната 2008/2009 година, согласно со измените на Законот за средно образование.

Во учебната 2016/2017 година деветто одделение завршија 20.712 ученици.