Каде одат моите пари

0
545

„Каде одат моите пари“ е новата платформа која ја промовираше Центарот за граѓански комуникации, а која на граѓаните прецизно ќе им покаже во текот на секој ден, по колку средства од нивната плата одат за давачки кон државата.

Беше промовирана конференција од центарот за граѓански комуникации дека новата платформа треба да ја згоеми информираноста за тоа на кој начин се трошат парите на граѓаните во Македонија.

Како пример е посочен следниов – на плата од 22 илјади денари, дневно функциите на централната власт граѓанинот го чинат 421 денар. Граѓаните имаат право да знаат како се трошат нивните пари и зошто на среден рок владите ќе бидат принудени да даваат повеќе информации, бидејќи на тој начин може да се зборува за здраво и демократско општество.

Уесниците во Албанија имаат софтвер каде што можат да се видат плаќањата што се прават од буџетот. Во бугарија има отворени податоци и во последната година е направен прогрес, но има уште многу работи да се прават.

Во Македонија претставниците од невладиниот сектор посочуваат дека законодавството дава осноа за транспарентност но и дека треба поголема примена на законските регулативи , да се дава поголема отчет за трошењето на пари.

Раководител од Македонскиот центар за меѓународна соработка Емина Нурединовска, посочи дека има потреба од поголема отвореност и достапност на податоците поврзани со трошењето на јавните средства.

Дритон Фино од Министерството за финансии на Албанија потенцира дека буџетската транспарентност е првиот чекор кон демократизација на буџетскиот процес и давањето можност граѓаните да учествуваат во процесот на формулација и алокација на ресурси.

Лачезар Богданов од Бугарија, вели дека во неговата земја треба да се издејствува Владата активно да ги објавува своите податоци наместо пасивно и да чекаат граѓаните да пишат писмо на кое ќе одговорат.