Каде оди Европа ?

0
536

Новите фактори кои што влијаат врз интегрирање на Западен балкан со новонастанатите околности и победата на Макрон во Франција, е потик на тема „ЕУ меѓу либералната демократија и популизмот„ која преку научна дебата се организира по повод 9 Мај, Денот на Европа и Ден на победата над фашизмот.

– Улогата на ЕУ во новиот светски поредок со мултирателарен и билатерален актер во однос со другите држави и меѓународни организации, да ја утврдиме и лоцираме местото улогата и позицијата на Унијата на 21 век, земајќи ги во предвид сите оние проблеми со кои што се соочува до сега и ќе се соочува доколку не превземе револуционерни чекори, да се консолидира во политички актер на светската политичка сцена, изјави Проф.Д-р Горан Илиќ
Денот на Европа е воспоставен како ден на сеќавање на декларацијата на францускиот министер за надворешни работи Роберт Шуман во 1950 година, што се смета за прв важен чекор во настанувањето на ЕУ. Да се надминат препреките кои го попречуваат патот на земјата кон полноправно членство во Европската унија и Нато и да се најди решение кое што ќе ги обединат наместо да поделат, а исто така и за тоа кои подржуваат учество наместо поделба и кои потикнуваат вклучување наместо исклучување се дебатираше на научната конференција.
– Сакаме да ги дискутираме овие теми со гостите, најновите тенденции во Европската унија, нејзиниот развоен пат центрифугалните и центрипеталните политички сили, односно дали Европската унија оди кон понатамошна ерозија на нејзината моќ, и напротив идеата по Брегзит може да се засилува, ќе ги тангираме и релациите со Западен Балкан што во локален контекст значат развитие во ЕУ и тоа можеме многу полесно да го дискутираме откако го знаеме резултатот од претседателските избори во Франција, изјави Проф.Д-р Ненад Марковиќ

Оваа дебата е од серијата на настани кои што ги организира Македонското политолошко друштво, Правниот факултет при Универзитетот „Св.Климент Охридски„-Битола и Институт за истражување и европски студии – Битола .