Каде останаа слободни места после првиот уписен рок?

0
256

Во Битола деветооделенците најзаинтересирани за гимназијата Јосип Броз Тито. Во првиот уписен рок пополнети сите места, што значи во ова училиште нема да има втор уписен рок. Во економското Јане Сандански само 10 % има слободни места за оние кои што сакаат да се упишат во вториот уписен рок .
Од вкупно 35.445 слободни места за упис за учебната 2015 – 2016 година, од кои 23.778 се наменети за стручните струки, а 11.053 за гимназиско образование. 408 уписни места има за учениците кои сакаат да се запишат во уметничко образование, а 204 се за спортската академија со дисперзирани паралелки во повеќе општини во Македонија. Од добиените резултати на ниво на општина Битола слаб е интересот на деветооделенците за стручните училишта во кои што во сите ќе има втор уписен рок

VESNA_UPISI_002.jpg
Во Битола завршени осмодделенци ќе имаме околу 1200, не земајќи ги во предвид осмооделенците од Демир Хисар, Ресен, општините Могила и Новаци како и останатите места од опкружувањето.
Вториот уписен рок е на 29 и на 30 јуни, а резултатите ќе се објават на 1 јули. Полуматурантите пак, кои нема да се запишат во првите два уписни рока, ќе имаат можност на 24 август, а резултатите ќе ги добијат наредниот ден.
Училиштата кои нема да ги пополнат утврдените ученички места, ќе продолжат да запишуваат ученици до 27 август.