Каде се пешачките премини?

0
2547

Пешачки има но како да ги нема. За автомобилите невидливи , пешаците незнаат каде да поминат а велосипедистите на улица возат , ваква е сликата во Битола, каде што се загрозува безбедноста на учесниците, но и протокот на сообраќај. Критичните точки во градот за безбедноста на пешаците и понатаму претставуваат опасност, но и го отежнуваат нивното нормално движење.

Ако зимава беше проблем снегот и мразот, сега се проблем дупките низ градот и невидливите пешачки премини. Некој ќе рече солта и ризлата го направија своето.

Нервозни сите. Возачите поради тоа што ги кршат секојдневно автомобилите низ дупките, пешаците поради тоа што незнаат каде да ја поминат улицата, бидејќи пешачкиот премин воопшто не се гледа, а пак велосипедистите поради тоа што возат на улица а не на велосипедски патеки.

Бевме на улицата Прилепска. Таму пешачки има, но како да го нема. Бојата е целосно избледена.Се познава само една линија. Граѓаните велат дека треба што поскоро да се обележат , бидејќи е воведена во прашање нивната безбедност но и безбедноста на нивните деца кој секојдневно го поминуваат овај пат за на училиште.

-Треба да се обележат, не знаеме каде да ја поминеме улицита. ТУка има и училиште децата не знаат како да поминат, вели битолчанка

-Стравуваме за безбедноста на нашите деца, не знаат како да ја поминат улицата, вели битолчанец

Кога тргнувате од атпазар кон Пелагонка 1 кон улицата за училиштето Даме Груев нема пешачки, пешачкиот се наоѓа на околу 50 тина метри од малата раскрсница кој е скоро невидлив, како за пешаците така за возачите. Друг пешачки премин има подолу на околу 20 метри но и тој одвај се гледа. Може да се заклучи дека тука на тоа место има пешачки премин само од сообраќајниот знак

Иста е и ситуацијата пред училиштето Коле Канински. И таму е загрозена безбедноста на учениците кои што секојдневно ја поминуваат оваа улица.

Да не зборуваме за ул. Васко Карангелевски. Таму треба снаодливост за да се помине на пешачки. Автомобилите возат , пешачкиот премин не се гледа воопшто, а пешакот, посебно ако е повозрасно лице , чека да дојде друго лице за со негова помош да ја помине улицата.

-Овде не се гледа пешачкиот прем, треба што поскоро да се обележат. Не знаеме каде да ја преминеме улицата, вели битолчанка

-Безбедноста ни е загрозена, човек не знаее каде да помине, изјави битолчанка

Често на оваа улица се случуваат сообраќајни незгоди, кои што однеле и човечки животи. Казни има за сите.За возачите за не застанување на пешачки премин, и за пешаците за непоминување на пешачки преми. Но прашањето е како да се помине на пешачки кога воопшто не се гледа?

Според информацијата која што ја добивме од СВР Битола за измината година на ниво на општина Битола се случиле 802 сообраќајни незгоди, од нив 22 сообраќајки биле со жртви, загинале 22 лица. Од нив пак 4 рица биле пешаци. Во 2015 година во сообраќајка загинале 24 лица од нив 7 лица биле пешаци.