Кафе кафе ново урбано место во Битола

0
4650

Битола е градот во кој луѓето уживаат во убавото кафе и сакаат голем дел од времето да го поминуваат со своите пријатели во мирна, тивка и опуштена атмосфера.

Токму во срцето на градот на плоштадот Магнолија, се отвори кафе барот Кафе кафе, одлично место за релаксација и одлично место за вечерни излегувања .

Кафе кафе располага со пространа летна тераса и прекрасен поглед кон плоштадот Магнолија, гратскиот часовник.

Терасата е одличен избор за деловни состаноци, средба со вашите блиски, организирање родендени и различни прослави.

Има одлична опуштена атмосфера во текот на целиот ден со внимателно одбрана музика, љубезен персонал , а во приквечерните часови посетителите може да уживаат во коктелите и зајдисонцето.

За свеченото отварање беше задолжена Инвент ивент агенцијата.

Кафе кафе е модерно урбано место кое својата приказна ќе ја гради заедно со своите посетители .

Овој кафе бар се наоѓа на местото на поранешниот кафе бар Гете.