Кај Бодрум се удавија 18 бегалци

0
316

Осумнаесет луѓе се удавија а 14 се спасени ноќта кон саботата од водите крај турскиот град Бодрум кога потонал чамец со бегалци кој патувал кон Грција, објави агенцијата Dogan.

Слушајќи ги повиците за помош, рибарите ја известител турската крајбрежна стража која ги извадила од морето, откако дрвениот чамец со бегалци од Ирак, Пакистан и Сирија потонал на околу 3,5 километри од брегот кон грчкиот остров Калимнос.

И покрај лошите временски услови, егзодусот на бегалците продолжува, иако малку побавно од претходните месеци. Рекордни 500.000 луѓе побегнале само оваа година од четиригодишната граѓанска војна од Сирија во Турција, ризикувајќи ги притоа животите на опасниот пат до грчките острови. Околу 600 луѓе се удавија годинава на источната медитеранска рута, објави Меѓународната организација за миграции (IOM).

Турција кон крајот на ноември постигна договор со ЕУ за запирање на мигрантскиот бран кон Европа, во замена за 3 милијарди евра помош за околу 2,2 милиони Сиријци кои ги примила но кои според последните информации ги враќа преку границата, за укинување на визите, и обновување на пристапните преговори за членство.