Kај Демир Капија товарен воз излета од шини, повредени нема

0
425

Утрово во 8,20 часот кај Демир Капија од шините излетал товарен воз и предизвикал прекин на железничкиот сообраќај на пругата Скопје-Гевгелија.

Повредени лица нема, а причинета е мала материјална штета. Екипа на Македонски железници веќе работи на отстранување на причините за прекинот на железничкиот сообраќај.