Кај Ѓавато загина мотоциклист од Битола

0
4754

Во тешка сообраќајна несреќа што се случи попладнево на патот Битола –Ресен, животот го загуби 36 годишен битолчанец, потврдуваат за порталот Апла.мк од СВР Битола.

Незгодата се случила на планинскиот превалец Ѓавато, во близина на црквичето, при судир на два мотоциклисти, кои излетале од патот.

Итната помош двете лица веднаш ги транспортирала во битолската Клиничка болница, но лицетот Б.А. починало на патот до болницата.