Кај Хилари шок и солзи, кај Трамп веселба

0
555

Во штабот на Клинтон владее шок, илјадници луѓе молчаливо ги следат резултатите што незапирливо го водат Трамп кон Белата куќа. Многумина го напуштија собирот што требаше да биде прослава на победата.

mkd-292147

Сега сите очи се вперени во Мичиген, Пенсилванија, Висконсин и Њу Хемпшир – Трамп има 244 електори и смета на уште 17 од Аризона и Јута, што значи дека за волшебната бројка од 270 ќе му требаат уште 15, а Мичиген носи 16 електори.

Дури и ако не го освои Мичиген, во кој води со 15.000 гласа, тука е Пенсилванија (20), каде што разликата е само 2.000 гласа.

Сè уште не е сè готово, но работите не изгледаат добри за Клинтон. Таа би можела да „преживее“ ако го загуби Висконсин, а ги освои другите, но не стои добро ни во Пенсилванија, каде што демократите ги загубија последните шест избори.

Во штабот на Трамп, пак, владеат еуфорија и радост.

www.mkd.mk