Кај Лезбос се удави 5-годишник, на Средоземјето спасени над 2.200 мигранти

0
231

Петгодишно момченце се удави откако чамецот го кој биле мигранти се превртел во близина на грчкиот остров Лезбос, изјави портпаролот на грчката крајбрежна стража, додека вкупно во саботата на Средоземјето се спасени повеќе од 2.200 бегалци.
Грчката крајбрежна стража ги спасила другите 12 мигранти кои биле во чамецот кој се превртил, меѓутоа уште 13 луѓе се сметаат за исчезната. „Нив и натаму ги бараме“, изјави портпаролот.

Вкупно во саботата во водите на Средоземното Море се спасени 2.281 мигрант во осум различни спасувачки операции, објави италијанската крајбрежна стража, додавајќи дека уште десетина операции за спасување на море се во тек.

Осумте операции, вклучително и онаа на Лекари без граници чиј брод помогна во саботата во спасување на повеќе од 750 луѓе од три бротчиња, изведени се на помалку од 40 наутички милји од брегот на Либија, а во истата област се одвиваат и оние кои се во тек./крај/мф/сн

Без коментари

LEAVE A REPLY