Кај нас несреќни, во Финска среќни ученици

0
694

Училишното ѕвоно на првиот час звони во 7:15. Наставата завршува некаде пред 12 или 13 часот во зависноист од одделението. Потоа еден сат- два одмор дома и повторно на дополнителни часови, односно спремање по математка, странски јазици, комјутери, музика, спорт, тестови, писмени, естерно, матура и слично. Проект по овој предмет, проект по оној предмет. Натпревари и слично. Така е кај нас, а како е во Финска, каде на училиште се зборува за играта и среќата.

Финска има еден од најдобро рангираните образовни системи. Ова го постигнаа така што го променија начинот на образование. А како го направија тоа.

Документарниот филм кој се занимава со оваа проблематика вели дека во својата историја финските училишта биле многу лоши, односно на некое ниво на кое се наоѓаат училиштата од земјите на Балканот.

Направиле тестови на деца различни делови на светот, на нивните и американските. И отприлика биле исти, вели авторот на филмот.

Бидејки тоа не му се допаднало на Финците презеле брзи реформи и за многу брзо време се искачиле на светскиот врв.

За да провери како тоа го направиле, се упатил кај министрката за образование која му ја откила големата тајна.

UCENICI 1

Немаат домашни задачи, рекла таа додавајќи дека децата треба да имаат повеќе време за да бидат деца, да бидат млади и да уживаат во животот.

За една од наставничките и качуавњето на дрвја било корисно.  Вели дека сепак на крајот, додела се качуваат на дрвјата веројатно ќе научат нешто ново, на пример за разни инсекти, а следниот ден кога ќе дојдат на училиште ќе кажат што научиле за дрвјата, за инсектите.

UCENICI 2

Колку време во текот на денот децата поминуават на училиште, е следното прашања.

Во понеделник 3 сати, во вторник 4 сати, тоа варира, но вкупно неделно само 20 часа. Во тие три или четири часа е пресметано и времето за одмор односно ручек.

И прашањето како за толку малку време ќе научат она што треба да го научат?

На ова педагозите велат дека од време на време мозокот мора да се опушти и објаснуаваат дека ако постојано се работи тогаш нема учење и немате корист од тоа на долги патеки.

Децата во Финска исто така имаат најкус школски ден и најкуса школска година во споредба со целиот западен свет.

Тие се подобри, што помалку одат на училиште!

Во Финска се е прилагодено на учениците до тој степен што кога треба да се реновира игралиштетото, архитектот доаѓа и разговара со нив. Постојат работи на изгралиштето кои децата ги посакале.

Исто така на училиште ги учат да бидат среќни, да го почитуваат другите и да се почитуваат себе си.

Професорот по математика зборува за тоа колку е важно тие кога ќе излезат од училиште да бидат среќни, треба да имаат време за игра и да се дружат со пријателите и да растат како човечки суштества, бидејќи постојат толку многу работи во животот освен школото.