Кај Рибарци криумчареле мигранти

0
1940

На 12.06.2016 година во 09.00 часот, по претходна дојава за криумчарење мигранти,  кај с.Рибарци, Општина Новаци, полициски службеници сопреле ПМВ „БМВ“ со грчки национални ознаки и регистарски ознаки, управувано од Ј.М. (31), во кое совозач бил И.Н. (33), двајцата од Р.Бугарија. Во возилото биле пронајдени четири патни торбици за кои лицата признале дека се на илегални мигранти кои ги превезувале, а кога виделе дека се следени од полициски службеници,  ги оставиле кај мостот на Црна Река во с.Брод. Лицата во 11.00 часот се лишени од слобода во ПС за ГП и ГН Меџитлија. Во реонот на с.Брод, битолско, два патролни тима вршат пребарување на теренот за пронаоѓање на нелегалните мигранти.